Оле Гунар Солскјер се соочува со нова криза во тимот откако деветмина членови на првиот тим добиле позитивен ковид-19 тест.

Поради ова откажан е пријателскиот натпревар против Престон кој требаше да се игра на „Олд Трафорд“ пред 30 000 навивачи.

Нема потврда за тоа колку од деветмината заразени со Ковид-19 се играчи а колку членови на стручниот тим на Јунајтед.

Оваа информација ја потвдија и од клубот од каде посочија дека ги следат сите протоколи за заштита од Ковид-19 и спречување на ширењето на заразата во екипата.