Манчестер Јунајтед ја загуби трката со Барселона за потписот на напаѓачот на Интер.

Според информациите на ESPN, Лаутаро Мартинез не сака да игра во Манчестер Јунајтед и ќе ја одбере Барселона.

Тренерот на „Црвените ѓаволи“ во летниот период сака да донесе барем еден топ напаѓач и скаутите на Јунајтед беа убедени дека ќе го остварат трансферот на Мартинез во МЈ.

Сепак, на раководството на Манчестер Јунајтед му дадоа до знаење дека Лаутаро има намера да потпише за Барселона.

Откупната клаузула на Интер за овој фудбалер е вредна 111 милиони евра.

Лаутаро Мартинез оваа сезона настапи на 20 средби на Интер во Серија „А“ и постигна 11 гола, но имаше и 4 асистенции.