Според информациите на Tuttosport, Пол Погба сепак ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Според овој извор, Погба може да се врати во Јувентус, каде настапувал од 2012 до 2016 години, но претходно Јувентус ќе мора да се испазари со Манчестер Јунајтед, кој за Погба ќе побара дури 140 милиони евра, што е повеќе од реалната пазарна цена за Французинот, која е околу 100 милиони евра.

Токму за толкава сума, поточно за 105 милиони евра, Погба и дојде во Манчестер Јунајтед од Јувентус во 2016 година.

Се појави и информација дека фудбалерите на Јунајтед се за побрзо заминување на Погба, бидејќи ја руши атмосферата и со мислите е одамна надвор од клубот.

Оваа сезона тој настапи на само 7 средби во Премиер лигата и забележа мизерни две асистенции.