Интересна информација пласира француското издание Le10Sport, според која Манчестер Јунајтед планира смена на Солскер.

Имено, иако раководството на Јунајтед постојано тврди дека има доверба во Солскер, има се повеќе информации дека тој ќе добие отказ ако не обезбеди пласман во топ 4 во Премиер лигата, што е скоро невозможна задача.

Според Le10Sport, еден од најсериозните кандидати за столчето на Солскер е Томас Тухел, тренерот на ПСЖ, кому пак исто така му се клати столчето и позицијата му зависи од резултатите во Лигата на шампионите.

Пред ПСЖ, Тухел ги тренираше Борусија Дортмунд и Мајнц.