Давид Де Геа ќе биде најскап голман на светот , Јунајтед  му понудил на голманот од Шпанија договор на пет години со годишна плата од 20 милиони евра, тој прифатил да продолжи престојот во Манчестер.

Де Геа дојде  во Јунајтед во  2011 година од Атлетико Мадрид и договорот му истекуваше следната година. Јунајтед не сака да остави ништо на случајот  и му понуди нов  договор со важност на нови пет години .

Интересно е дека Де Геа барал иста плата како и Алексис Санчез кој заработува 28 милиони по сезона, сепак Шпанецот ја прифатил понудата од 20 милиони и останува на „Олд Трафорд“