Раководството на Манчестер Јунајтед наскоро има намера да го искористи членот во договорот со Погба и да го продолжи неговиот договор за уште една година.

За ова пишува новинарот Николо Скира, кој тврди дека Манчестер Јунајтед за ова веќе го извести агентот на Погба, Мино Рајола.

Последните информации од Јунајтед велат дека позитивните резултати на екипата го предомислија Погба и дека тој сега сака да остане во екипата, каде би имал одличен партнер во средина на теренот во Бруно Фернандеш.

Сегашниот договор на Погба важи до 30 јуни 2021 година.