Манчестер Јунајтед дополнително ќе ги засили мерките за безбедност на потпретседателот Ед Вудворд, чиј дом пред извесно време беше нападнат од фановите на клубот.

Јунајтед стравува од нови напади, особено на домашните натпревари на „Олд Трафорд“.

На почетокот на јануари соработниците на Манчестер Јунајтед имаа неколку состаноци на кои тема беше заштитата на Вудворд.

Но, кога беше објавено дека платата на Вудворд е 3,1 милион фунти годишно, навивачите експлодираа и постојано вербално го напаѓаат.