На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед го дочекува Ливерпул во дербито на 9 коло од Премиер лигата.

Без Варан кој дефинитивно не е во комбинација за настап и со неизвесни, Рашфорд, Фред, Бруно и Марсијал, Солскјер е повторно пред тест, кого да селектира и што да прави со Погба кој беше на клупата со Аталанта.

Кај Ливерпул ситуацијата е многу поедноставна, Салах и Мане се во топ форма а Клоп ги нема Алкантара и Елиот.

Ливерпул е фаворит за големото островско дерби, а според последните прогнози од Англија, Солскјер токму денеска треба да покаже фудбалска мудрост, во спротивно ќе биде заменет.

Standings provided by SofaScore LiveScore