Раководството на Манчестер Јунајтед очекува дека ова лето ќе се раздели со двајца свои голмани.

Се работи за Серхио Ромеро и за Ли Грант, а „Црвените ѓаволи“ веќе почнаа да бараат замени за нив. Се тврди дека за Ромеро се заинтересирани Вилјареал и Реал Сосиедад.

Договорот со Серхио Ромеро завршува во 2021 година, а оној на Ли Грант веќе ова лето.

Оваа сезона Ромеро настапи за Јунајтед во Лига Европа, Купот на Англија и во Лига купот. Настапи на 10 средби и прими само два гола. Неговата цена, според Transfermarkt.com, е 3,5 милиони евра.