Откако навивачите на Манчестер Јунајтед отворено влегоа во војна со сопствениците на клубот, семејстовото Глејзер дозволило клубот да тргне по Хари Кејн.

Подготвена е првата понуда за Тотенхем вредна 90 милиони евра, ова е обид за ангажман на напаѓач од светска класа, со што Глејзери се надеваат дека ќе склучат мир со фановите кои и тоа како ќе се израдуваат на ваков трансфер.

Кејн сака да си замине од Тотенхем по разочарувачката сезона, но прашање е дали понудата од 90 милиони евра ќе биде доволна.

Солскјер во меѓувреме очекува Кавани да потпише нов договор и со тоа да го реши прашањето за  прв напаѓач во случај Кејн да не пристигне на „Олд Трафорд“ ова лето.