Лестер ја прифати последната понуда од Манчестер Јунантед вредна 85 милиони фунти продажба на централниот бек, Хари Мегвајер.

Англискиот репрезентативец утре треба да ги мине лекарските прегледи во Карингтон и по тоа да потпише петгодишен договор со екипата од „Олд Трафорд“.

Со најавениот транфер, 26 годишниот бек ќе стане најскапиот дефанзивец во историајта на фудбалот по Ван Дајк од Ливепрул кој го држеше рекордор со 75 милиони фунти.

По комплетирањето на овој трансфер, тимот на Солскјер се очекува да го засили и Фернандес од Спортинг за 65 милиони фунти.