Раководството на Манчестер Јунајтед планира да создаде тим од 8 аналитичари, за да се подобри клупската работа на трансфер-пазарот, пишува The Athletic.

Новиот тим, врз база на разни показатели, ќе го составува списокот на евентуалните трансфер-цели за засилување на екипата, а ќе помага и во работата на академијата на Јунајтед, како и на медицинскиот штаб.

Манчестер Јунајтед заостанува со својата аналитичка работа, а раководството постојано го обвинуваат за лоши трансфери.

Веќе се водат разговори со кандидати за овој тим, кои претходно мораат да потпишат документ дека нема да изнесуваат во јавноста детали од тие разговори.