Манчестер Јунајтед планира да се раздели со играчот за врска, Џеси Лингард. Тренерот Солскер повеќе не смета на него и веќе ова лето тој ќе мора да си најде нова средина.

За Лингард беа заинтересирани Атлетико и Рома. За разлика од Лингард, Манчестер Јунајтед направи се за да го задржи својот бисер, Тахит Чонг. Вчера тој потпиша нов договор со важност до 2022 година, со опција автоматски да се продолжи за уште една година.

Чонг е репрезентативец на Холандија до 21 година. Во академијата на Јунајтед дојде во 2016 година и веќе забележа 14 настапи за првиот тим на „Црвените ѓаволи“.

За Чонг беа заинтересирани Барселона, Јувентус и Интер.