Манчестер Јунајтед може да се соочи со финансиски проблеми, ако сезоната ја заврши надвор од зоната на Лигата на шампионите.

Според Goal, кај спонзорите и партнерите на клубот владее незадоволство од сегашната седма позиција на табелата и опасноста Манчестер Јунајтед да не настапи во Лигата на шампионите.

Па, така, adidas ќе даде 20 милиони евра помалку ако Јунајтед не игра во Лигата на шампионите, а слично ќе постапат и другите спонзори. Дури постои опасност некои и да ги раскинат договорите и да се префрлат во други клубови.

Притоа, мора да се истакне дека Манчестер Јунајтед има највисок фонд за плати во лигата – повеќе од 250 милиони евра годишно.