Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со менаџерот Оле Гунар Солскјаер, според кој Норвежанецот би требало да остане на клупата уште барем три години.

„Наше минато. Наша сегашност. Наша иднина. Воодушевени сме што можеме да објавиме дека Оле потпиша нов договор со клубот“– објави Манчестер Јунајтед.

Стариот договор на Солскјаер беше до крајот на јуни 2022-ра година, а новиот е до 2024-та, со опција да се продолжи до 2025-та.

„Оле и неговиот стручен штаб неуморно работеа како би поставиле темели за долгорочни успеси на теренот. Резултатите се видливи последниве две години и се радуваме на развојот кој следи во години кои доаѓаат“– вели извршниот потпретседател на клубот Ед Вудворд, кој како важна ја нагласи успешната комбинација на домашни таленти и засилувања од светска класа.