Најавите дека Ромелу Лукаку ќе замине на двегодишна позјамица во Интер од Манчестер Јунајтед не се точни, категорични се медиумите од Англија.

„Црвените Ѓаволи“ немаат намера да го пуштат Лукаку на позајмица и покрај добрата финанска понуда од Интер. Единствената опција, репрезентативецот на Белгија да го напушти „Олд Трафорд“ е купупродажба.

Неофицијално, Јунајтед за Лукаку бара 95 милиони евра за предвремен раскин, сума која во моментов е превисока за Интер.