Првиот голман на „Црвените Ѓаволи“ ова лето ќе одлучи дали ќе остане на Олд Трафорд или ќе прифати една од понудите на ПСЖ и на Реал Мадрид. Актуелниот договор му истекува за 12 месеци но управата на Манчестер Јунајтед прави се за да го задржи во екипата.

Последните неофицијални информации од Англија се дека Де Геа добил понуда за нов договор со времетрање од 5 години според кој би заработувал невејатни 400 000 евра неделно.

Засега нема потврда дали ќе го прифати но едно е јасно, ако стави потпис ќе стане и најскаполатен во клубот заедно со Алексис Санчез.