Оле Гунар Солскјер побарал од Ед Вудворд да стори се што може за да го донесе Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“ до крајот на преодниот рок.

„ЕСПН“ тврди дека Јунајтед доставил нова понуда до Борусија Дортмунд во која се вклучени и бонуси за следните четири сезони.

Санчо веќе има вербален договор во однос на платата со клубот од Манчестер. Ако овој трансфер се реализира, Даниел Џејмс ќе замине на позајмица во Лидс.

Ако Борусија ја одбие и оваа понуда, во тој случај Јунајтед ќе тргне по Сенегалецот од Вотфорд, Исмаила Сар.