Англискиот гигант Манчестер јунајтед зимава ќе одвои 125 милиони фунти за реконструкција на тимот кој во моментот не изгледа добро.

Челниците на Јунајтед според „Мирор“ ќе се обидат да ги доведата Каи Хаверц од Баер Леверкузен и Томас Милер од Баерн Минхен. Првиот важи за најголемиот германски талент, а за неговите услуги се интересираат и други европски гиганти, додека Милер во последниот период е во втор план кај Нико Ковач.

Милер од поодамна беше на радарот на Јунајтед, Дејвид Моес уште во 2014 година сакаше да го ангажира, но тогаш работата пропадна и Манчестер се реши на ангажман на други фудбалери, со кои и не стигна до очекуваните резултати. Милер за Баерн има 110 гола во 326 меча.

Од поодамна се најавува дека зимава на „Олд Трафорд“ ќе дојде и хрватската ѕвезда Марио Манџукиќ, чиј трансфер пропадна во последен момент летово.