„Црвените ѓаволи“ според „Мирор“ се подготвени на лето да одвојат голема сума на пари за Џек Грилиш, фудбалерот на Астон Вила.

Ѕвездата на тимот од Бирмингем сезонава е најдобриот фудбалер на Астон Вила, која и покрај тоа и големите вложувања се наоѓа во долниот дел од табелата на Премиер лигата. Јунајтед се сврти кон Грилиш, откако првата желба Џејмс Медисон е пред продолжување на договорот со Лестер.

Менаџерот Оле Гунар Солскер по секоја цена сака да го засили средниот ред, а зимава пристигна првото засилување во овој дел од тимот, Бруно Фернандес.