Управата на „Црвените Ѓаволи“ подготвува нова подобрена понуда за купување на дефанзивецот на Јувентус, Демирал и за крилниот напаѓач на „Старата Дама“ Даглас Коста.

Преговорите меѓу Јунајтед и Јувентус за евентуалнта трампа на Погба со играчи од Торино пропаднала и поради ова Солскјер побарал од клубот да се обиде да ги купи овие двајца играчи кои не уживаа во довербата на Сари оваа сезона.

Во целата приказна се додава и ПСЖ кој е во преговори со Масимилиано Алегри, доколку ова се реши наскоро, новиот тренер на првакот на Фрацнија исто така е заинтересиран за Коста.