Екипата на Манчестер Јунајтед денеска објави дека обезбеди уште еден потпис пред почетокот на новата сезона. Постигнат е договор за нова соработка со младиот голман Дин Хендерсон.

Овој 22-годишен чувар на мрежата потпиша нов тригодишен договор со кој се обврза на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2022 година.

Но Хендерсон, според договрот се враќа во Шефилд Јунајтед на едногодишна позајмица и ќе брани во Премиер лигата.