Конте посакува да го добие Лукаку што е можно поскоро во својот тим но преговорите со Манчестер Јунајтед не течат според неговиот план.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Интер испратил нова понуда од 60 милиони евра во која биле вклучени и дополнителни бонуси но таа била одбиена.

„Како што реков и во петокот, Лукаку е играч на Манчестер Јунајтед. Не е во ред одново да зборувам за него. Ми се допаѓа како играч мислам дека може да ја подобри нашата игра но се останато зависи од двата клуба“. – изјави Конте по денешниот пораз од 1:0 од Јунајтед на контролниот натпревар во Сингапур.

Јунајтед за Лукаку неофицијално бара 100 милиони евра, сума која во моментов е превисока за Интер.