Манчестер Јунајтед изминатото лето беше блиску во своите редови да го доведе Марио Манџукуќ, но трансферот пропадна во последните мигови од преодниот рок.

Наводно хрватскиот репрезентативец не бил задоволен со платата која му ја нуделе челниците на Јунајтед и ја одби понудата. Тој во моментот сеуште е во Јувентус, каде Маурисио Сари не смета на неговите услуги.

Манџукиќ покрај Јунајтед се споменуваше дека ќе направи трансфер во Катар, но и таа опција се чини пропадна во последен момент.

Тоа му даде надеж на менаџерот на „црвените ѓаволи“ по втор пат да се обиде да го донесе хрватот на „Олд Трафорд“ во обидот англискиот гигант да доведе напаѓач кој му е преку потребен за подобрување на резултатите.