Српскиот фудбалски репрезентативец и член на Лацио Сергеј Милинковиќ Савиќ е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат италијанските медиуми.

Претходните денови неговиот менаџер Матеја Кежман престојуваше на Островот каде преговараше со водечките луѓе на Манчестер Јунајтед околу трансферот.

Според информацииите договорот веќе е постигнат и Лацио од Јунајтед ќе добие обештетување од околу 100 милиони евра.

Сергеј со тоа ќе стане најскап српски фудбалер во историјата на оваа земја.