Претпоследното коло од Е-Х половината од групите во Лигата на шампионите може донесе уште неколку патници во осминафиналето.

Тоа веќе го сторија Севиља и Челси од Е конкуренцијата како и Барселона и Јувентус од гурпата Г.

Неизвесно е во Ф и во Х групата, таму денеска Борусија Дортмунд игра со Лацио во битката за првото место, Клуб Бриж се надева на чудо во Германија и победа над Зенит кој посакува трето место и Лига Европа.

Дебрито е закажано на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед е домаќин на ПСЖ во обид да ја прекине лошата форма на домашен терен и да го потврди првото место во групата, Лајпциг гостува кај Башахшехир со реални шанси за место во елиминациите.

Без Шо, Туанџебе, Баи, Лингард и без Де Геа кои се повредени, Солскјер ќе треба да направи чудо со составот во кој можно е ги нема и Телес, Погба, Мектоминеј и Марсиал. Неизвесен е и настапот на Рашфорд како и на Гринвуд.

Според островските медиумите, Јунајтед најверојатно ќе настапи со Хендерсон на голот, во одбраната ќе бидат Вилиамс, Линделов, Мегваер и Ван Бисака. Во средниот ред Фред и Матиќ. Пред нив Фернандес, Рашфорд, Џејмс а во нападот Кавани.

Кај ПСЖ пак ќе недостиваат Бернат, Дракслер, Кехер и Маркињос, сите поради повреда.