Судбината на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, повторно е на крстопат.

Откако во повеќе наврати му било сугерирано да си побара нов клуб и дека иднината во Јунајтед му е магловита, сега дојде до пресврт.

Имено, според сознанијата на Daily Mirror, Манчестер Јунајтед  сега нема да го пушти да замине и ќе му понуди нов договор.

Образложението е во големиот број на повредени играчи и потребата да се имаат замени.