Оле Гунар Солскјер е во потрага по нов играч од средниот ред кој доминира во однос на дефанзивните задачи. Според медиумите од Португалија, Флорентино Луис е прв на листата со потенцијални засилувања на Манчестер Јунајтед.

Според „ЕСПН“ скаутите на Јунајтед го следат Флорентино кој е познат под прекарот „Октоподот“ повеќе од една година. За него интерес има од повеќе тимови од Европа а ова го потврди и неговиот агент, Карваљо Сантос.

„Флорентино е еден од најдобро рангираните млади дефанзивно ориентирани плејмејкери и има  сериозна конкуренција за негов ангажман. Точно е дека многу се зборува за интересот од Милан но има и клубови од Англија, Германија и Шпанија кои го следат долго време.“ – изјави Сантос.

Флорентино има 20 години а во оваа сезона доби шанса во тимот на Бенфика на 10 натпревари.