Фановите на Манчестер Јунајтед ќе ја паметат оваа сезона, но не по добро. „Црвените ѓаволи“ одиграа само 0-0 на гостувањето кај АЗ Алкмаар во рамки од Лига Европа.

Оле Гунар Солскјер се чини ќе ги сруши сите негативни тренерски рекорди во само една сезона. Колку неговиот тим игра очајно покажуваат бројките, кои ја потврдуваат лошата форма и квалитетот на „црвените ѓаволи“.

Цели десет натпревари по ред гигантот од „Олд Трафорд“ не знае за гостинска победа во европските натпреварувања, нешто што се нема случено од далечната 1989 година.

Јунајтед шанса за прекин на серијата, гледа на натпреварот на „Сент Џејмс Парк“, каде ќе игра против претпоследнопласираниот Њукасл кој заедно со Јунајтед се во најлоша ситуација по стартот на сезоната.