Управата на Манчестер Јунајтед ги рестартираше преговорите со агентот на Бруно Фернандес за нов договор со репрезентативецот на Португалија.

Офанзивниот плејмејкер пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари 2020 година а на 85 натпревари постигна 44 голови и се наметна како незаменлив во тимот на Солскјер.

Моменталниот договор на Фернандес со Јунајтед е до јуни 2025 година, но од клубот сакаат да потпишат нов со кој играчот ќе добие двојно поголема плата, од околу 250 000 фунти неделно.


Во меѓувреме се прават напори Погба да го продолќи договорот и со тоа Солскјер да добие тим кој би можел да биде конкурентен на сите фронтови и со следната сезона.