Многу работи ќе зависат од одлуката на УЕФА во однос на казната на Манчестер Сити за настап во европските натпреварувања во следните две сезони.

Дел од најголемите ѕвезди на „Граѓаните“ најавија дека без ЛШ мали се шансите да останат на „Етихад“.

Островски „Индепендиент“ најавува дека Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Рахим Стерлинг, но само во случај ако Сити не успее да се избори за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Стерлинг неодамна во изјава за „Дејли Мирор“ призна дека како дете навивал за Јунајтед и со ова го навлече гневот на навивачите на Ливерпул.

Стерлинг се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, нешто што го посакуваат фановите на Сити и Луверпул доколку репрезентативецот на Англија реши да го менува клубот но од друга страна, многу работи ќе зависат и од понудата од „Олд Трафорд“.