По слабата сезона, екипата на Манчестер Јунајтед уште пред нејзиното завршување почнала да размисилува и да се подготвува за следната кампања.

Се поизвесно е дека „црвените ѓаволи“ нема да изборат место во Лигата на Шампионите, па ќе им биде потешко да доведат засилувања, но и покрај тоа, „Калчомеркато“ пишува дека Јунајтед и официјално ги започнал формалните преговори со Јувентус за трансферот на Пауло Дибала на „Олд Трафорд“.

Дибала, кој по доаѓањето на Кристијано Роналдо има се помала минутажа во Јуве, веројатно ќе си замине од Торино ова лето, па од англискиот клуб се подготвени да платат сума од 85 милиони фунти за него.

Дополнително, шпекулациите ги подгреа и приватната посета на Пауло Дибала во Англија во текот на вчерашниот ден.