Реал Мадрид за прв пат по подолго време е аутсајдер на хартија против екипа од Англија во натпрвар од Лигата на шампионите. Букмејкерите му ја предадоа фаворитската улога на „Манчестер Сити“ за денешниот меч на „Сантијаго Бернабе“ во осминафиналето од ЛШ на УЕФА.

Без Азар и без Асенсио, „Кралевите“ ќе се обидат да го демантираат фудбалскиот свет и да го совладаат првакот на Англија кој оваа сезона може да ја спаси само со освојување на европската круна.

Зидан против Гвардиола, дуел на двајца тренери кои важат за едни од најдобрите во моментов во светот.

Реал Мадрид во последното соочување со Манчестер Сити во ЛШ успеа да слави, во 2016 година ги елиминираше „Граѓаните“ во полуфиналето, во Манчестер немаше голови а во Мадрид Фернандо си постигна автол гол за славје на „Кралевите“.

Во сенка на натпреварот во Мадрид, Јувентус ќе му гостува на Лион со амбиција да ја заврши работата околу пласманот во четвртфиналето уште вечерва во Франција.

Дополнителен проблем за Лион е повредата на Депај кој заедно со Коне, Рафаел и Алиадиер се надвор од комбинација за денешната пресметка. Кај Јувентус недостига само Демирал.

Последен пат овие два тима се сретнаа во ЛШ во 2016 година во групната фаза, во Франција победи „Старата Дама“ со 1:0 а во Торино беше 1:1.