Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола лично се заложил за реализација на трансферот на Тиаго Алмада од Велез.

Алмада е еден од најталентираните млади креативци од Аргентина и најавен е како новиот Давид Силва во редовите на Сити. Трансферот би чинел околу 15 милиони евра, сума која воопшто не е проблем за Сити.

Алмада веќе разговарал со Карлос тевез кој го убедил дека подобро е да ја прифати понудата од Сити на сметка на Јунајтед.

Поради ова Солскјер побарал младиот Џејмс Гарнер да се врати во Јунајтед и да не биде повеќе на позајмица, кој оваа сезона е позајмен во Свонси.