Аргентинскиот младински репрезентативец, Тиаго Алмада ќе се пресели во Манчестер, тврдат медиумите од Англија.

Напаѓачот на Велез подолго време се поврзуваше со трансфер во Џирона но откако овој клуб не успеа да остане во Ла Лига, приоритетите на 18 годишниот Алмада се промениле.

Гвардиола побарал од управата на „граѓаните“ да го договорат трансферот на Алмада и да ги платат бараните 18 милиони евра. Откако Алмада ќе потпише повеќегодишен договор со Сити ќе биде испратем на едногодишна позајмица во Спортинг Лисабон.