Манчестер Сити најверојатно ќе го ангажира капитенот на Астон Вила и Англискиот репрезентативец Џек Грилиш.

Сити за тој трансфер на Вила ќе и плати некаде околу 100 милиони со што Грилиш би станал , најскап трансфер во Англиската историја.

Сити, освен Грилиш, го сака и Хари Кејн, но ќе мора да продава фудбалери за да го среди буџетот и да го испочитува финансискиот фер-плеј.

Прва жртва на трансферот на Грилиш ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.

Договорот на Бернардо Силва со „граѓаните“ истекува во 2025 година, па Сити за неговата слобода бара најмалку 50 милиони фунти.