Сити е решен да го врати „дома“ дефанзивецот Анџелино кој е на позајмица во Лајпциг од јануари годинава.

Клубот од Германија засега не покажал интерес да го откупи во целост договрот на Анџелино и тој извесно е дека ќе се врати на „Етихад“, пишува Мирор.

Откупната клаузула е 30 милиони евра, Лајпциг очигледно не сака да плати, Сити порача дека Анџелино ќе се врати во Манчестер.

Шпанецот Анџелино има 23 години, во Лајпциг дојде во јануари, запиша 12 настапи, постигна еден гол, игра одлично но се чини дека клубот од Германија нема финансиска моќ да го задржи.