Управата на Барселона се соочува со нова закана откако Френки Де Јонг посочил дека не е среќен на „Камп Ноу“ и сака промена.

Ова се обидуваат да го искористат Манчестер Сити и Баерн Минхен кои во Де Јонг гледаат долгорочна инвестиција за средниот ред.

Де Јонг се повреди во дербито со Реал Мадрид и го очекува пауза, време во кое може да размисли за својата иднина.

Неофицијално и двата клубови се подготвени на Барселона да и понудат по 70 милиони евра за репрезентативецот на Холандија.