Манчестер Сити е заинтересиран за млад, 16-годишен, фудбалер на Салцбург, пишува talkSPORT.

Се работи за напаѓачот Лука Рајшл, кој за својата академија во тековната сезона постигна 16 гола на 10 средби.

Вкупно овој млад фудбалер постигна 41 гол на 63 средби на младински екипи.

Но Манчестер Сити не е осамен во желбата да го добие Рајшл, бидејќи истиот интерес го има и Јувентус.

Притоа, Рајшл може да се добие скоро без пари, бидејќи, поради годините, нема договор со Салцбург.