Откако преговорите за нов договор повторно се стопирани, агентот на Маркињос добил дозвола од играчот да ги разгледа опциите за трансфер во зимскиот преоден рок.

Бразилскиот дефанзивец има договор со ПСЖ до јуни 2022 година но бара поголема плата па откако небиле усвоени неговите барања, тој решил дека е време да го промени клубот.

Манчестер Сити и Реал Мадрид се двата тима кои во моментов се сериозно заинтересирани за неговите услуги и ќе се обидат да го ангажираат во зимскиот преоден рок ако успеат да се усогласат околу цената со ПСЖ.

Маркињос пристигна во ПСЖ во 2013 година од РОма за 32 милиони евра а досега одигра 237 натпревар за шампионот на Франција.

Сити во Маркињос гледа партнер на Лапорт додека „Кралевите“ бараат доплгорочна замена за Рамос.