Извесно е дека Фабиан Руиз нема да игра во Наполи следната сезона но нејасно е кој од заинтересираните клубови ќе го добиде во своите редови.

Според „Калчомеркато“ Манчестер Сити е подготвен да издвои 120 милиони евра за Руиз додека Реал Мадрид подготвил понуда од 20 милиони евра плус Иско.

Од Наполи засега инсистираат дека не размислуваат за продажба на креативецот но можно е да го променат овој став доколку пристигне конкретна и богата понуда од Англија или Шпанија.