Пеп Гвардиола потврди, Давид Силва е новиот капитен на Мачестер Сити. Менаџерот на Сити не го одбра капитенот, тоа го направија играчите од екипата.

Играчите гласаа и довербата да биде капитен ја доби Силва, минатата сезона капитенската лента ја носеше Винсент Компани кој го напушти клубот.

Познати се и замениците капитени, Фернадињо и Кевин Де Бруин ќе ја носат капитенската лента по потреба.