Дефанзивецот на Атлетико, Унаи Нуњес го привлече вниманието на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Според информацијата на АЅ, овој 23-годишен Шпанец е интересен за тренерот на „Граѓаните“ кој сака да ја засили одбранбената линија во летниот преоден рок.. Нуњес има договор до 2023 година, во кој има релатнивно ниска откупна клаузула од 30 милиони евра.

Но, ист таков интерес за Нуњес имаат и Интер, Барселона и Баерн.