Хари Мегвајер до крајот на оваа недела ќе биде промовиран како ново засилување на Манчестер Сити. Ова го најавуваат медиумите од Англија откако стоперот ги прифатил условите за трансфер од Лестер во Сити.

„Граѓаните“ на „Лисиците“ ќе им исплатат рекордни 80 милиони фунти што преставува нов рекорд за ангажман на одбранбен играч, во моментов светскиот рекорд го држи трансферот на Ван Дајк во Ливерпул за 75 милиони фунти.

Сити на Мегвајер е подготвен да му даде 280 000 фунти неделна плата со дополнителни бонуси. Со ова Гвардиола му задава уште еден сериозен удар на градскиот ривал Јунајтед кој исто така беше заинтересиран за репрезентативецот на Англија.