Пеп Гвардиола успеал лично да го убеди 17 годишниот Дарио Сармиенто да ја прифати понудата од Манчестер Сити за трансфер во Премиер лигата.

Крилниот напаѓач на Естудијантес повеќе од една година се поврзува со трансфер во Европа но засега немаше конкретни информации кои најавуваат завршни преговори.

Сармиенто претходно се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Според Фабрицио Романо, Сити на Естудијантес ќе му палти 9 милиони евра а во зависност од настапите и резултатите на Сармиенто сумата може да достигне и до 19 милиони евра.