Аргентинскот супер-талент, Дарио Аријел Сармиенто во следната сезона ќе игра за Манчестер Сити, пренесуваат медиумите од Англија.

Сити за 18 годишниот крилен напаѓач се согласил да му плати на Естудијантес 6 милиони евра а трансфер оштетата може да порасне за дополнителни 12 милиони евра.

Аргентинскиот клуб ќе добие и 20% од евентуалната следна продажба на Сармиенто, кој со „Граѓаните“ ќе потпише петгодишен договор.