Арбитражниот спортски суд во Лозана , одлучи во корист на Манчестер Сити, клубот доби дозвола за настап во Лигата на шампионите.

„CAS“ смета дека наводното непочитување на финансискиот фер-плеј не постои или е застарено, ја укина одлуката за суспензија на Манчестер Сити од Европските купови.

Манчестер Сити во февруари оваа година беше казнет од УЕФА со суспензија од две години во сите европски натпреварувања и 30 милиони евра парична казна поради непочитување на финансискиот фер-плеј во периодот од четири години, односно од 2012 до 2016 година.

Сити практично се враќа во елитата, клубот ќе биде претставник на Англија во Лигата на шампионите следната сезона, со тоа се спаси од финансиски колапс кој му се предвидуваше, и егзодус на играчите од тимот.

Клубот од Манчестер доби и намалување на финансиската казан, наместо 30 милиони евра ќе плати 10.