Манчестер Сити веќе почна да ја бара замената за напаѓачот Серхио Агуеро, кој е најдобар голгетер во историјата на клубот (252 гола на 363 средби).

Според информацијата на 90min, Агуеро по завршувањето на тековниот договор во 2021 година ќе го напушти клубот како слободен агент.

Поради тоа „Граѓаните“ ја почнаа потрагата и многу брзо дојдоа до долгорочно решение во младиот норвешки напаѓач на Борусија Дортмунд, 19-годишниот Ерлинг Халанд, кој имаше сензационално деби во Бундеслигата, со 8 гола на 4 средби.

Како што пишува Sport Bild, во договорот на Халанд има клаузула според која тој може да биде откупен за 70 милиони евра, ама клаузулата може да се активира дури на крајот на сезоната 2021/22.