Манчестер Сити е подготвен да го купи играчот за врска, Иван Ракитиќ, од Барселона, пишува Don Balon.

Според информациите на изворот, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, веќе разговарал со 31-годишниот Хрват. Се смета дека вредноста на овој трансфер ќе биде околу 45 милиони евра.

Оваа сезона Ракитиќ настапи на 30 средби на Барселона во сите натпреварувања и забележа 4 асистенции.

Неговиот договор со Барселона е валиден до 2021 година, а Transfermarkt.com го цени на 25 милиони евра.