Пеп Гвардиола нема намера да се откаже од можноста ова лето во тимот на Манчестер Сити да го донесе Лионел Меси, пренесуваат медиумите од Шпанија.

Меси кој има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, се уште калкулира со продолжувањето на соработката, а постојат најави дека многу работите ќе зависат од тоа каков е планот на управата на „Каталонците“ околу засилувањето на екипата во летниот преоден рок.

„Граѓаните“ на Меси му нудат договор од 500 000 фунти неделно, што е околу 26 милиони фунти годишно со дополнителни бонуси во зависност од настапите и титулите кои би ги освоил во синиот дрес.

Новиот претседател на Барселона, Лапорта ги увери навивачите дека ќе стори се што може да го задржи Меси во тимот, но ќе видиме дали ќе успее во тоа.